Раководството на кошаркарската Евролигата ќе одржи видео конференција утре на која ќе се разгледуваат евентуалните опции за продолжување на натпреварувањето. Најсилната кошаркарска лига во Европа беше запрена на 12 март поради пандемијатата на КОВИД-19.

Во една ваква ситуација, многу веројатно е Евролигата да немма други реални опции освен да го прекине натпреварувањето предвреме. Можно е и директно да се пристапи кон одигрување на финален турнир, но за сето тоа треба да се почека утрешната видео конференција.