Шпанскиот весник „Марка“ пренесува една интересна приказна поврзана со млад фудбалер и Кристијано Роналдо.

Реал Мадрид пред две години имал надежен фудбалер во своите редови Ману Хернандо. Дефанзивецот бил цел на Ливерпул и Евертон, но останал во редовите на „кралевите“ па добил и шанса да тренира со првиот тим.

Хернандо бил одличен на тренинзите и покажувал дека има квалитет кој би можел да ветува во иднина. Сепак, еден тренинг сменил се. Хернандо направил остар прекршок врз тогаш најдобриот играч на Реал Кристијано Роналдо што го налутило не само Португалецот туку и тренерот Зинедин Зидан.

Тоа што се случило потоа е само последица на тој фаул, пренесува „Марка“. Имено, Хернандо никогаш повеќе не добил шанса да тренира во првиот тим.

Првиот дел од оваа сезона играчот го помина на позајмица во Расинг Сантандер, а од јануари се врати во Реал Мадрид Кастиља.