Француската ракометна федерација денеска и официјално прогласи предвремено завршување на сите првенства во земјата вклучувајќи го и националниот куп. Со оглед на глобалната здравствена криза поврзана со „Ковид 19“, ФФХБ ја запре сезоната 2019/2020.

Следствено, откажани се и машките и женските првенства, а титулата нема да се додели во ниту еден шампионат.

„За спортска рамноправност за сите национални, регионални и градски првенства, ФФХБ донесе одлука дека нема да има сезона во која ќе се прогласуваат шампиони“, велат од Француската федерација.