Филипе Кутињо оваа сезона игра како позајмица во Баерн Минхен, но сигурно ова лето ќе се врати во Барселона.Баварците имаат опција да го откупат неговиот договор за 120 милиони евра, но како стојат работите тешко дека ќе се одлучат на ваков чекор.

Шпанските медиуми пишуваат дека Баерн се откажал и дека Бразилецот ќе се врати во каталонскиот клуб.Но, Кутињо нема намера да се задржи во Барселона, таму дојде во 2018 година, потег кој беше големо промашување за него. Во шпанскиот тим се надеваат дека ќе го продадат ова лето, со тие пари ќе земат неколку нови играчи. „Мундо Депортиво“ пренесува дека Кутињо бил понуден на Челзи, лондонскиот клуб е подготвен да преговара, но под еден услов.