Поради коронавирусот се одложуваат сите големи спортски натпреварувања, меѓу кои и Олимписките игри во Токио, кои ќе се одржат во 2021 година.

Лино Червар пред да се случи хаосот во светот со „Ковид-19“ најави дека токму по завршување на ОИ ќе оди во пензија, но одложувањето на истите тој одлучи својата одлука да ја промени.

„Не одам се додека на освојам олимписко злато. Секако прво ќе мора да се пласираме, не знам дали ќе се играат квалификации или ќе одлучува пласманот на СП во Египет следната година“, изјави Червар, кој откри дека тој и неговото семејство се добри по серијата на земјотреси.