Иако се мислеше дека сите во еден момент во фудбалскиот свет ќе се приклонат на мерките за штедење, односно кратење на примањата на фудбалерите кои се огромни, сепак, тоа нема по се изгледа да се случи токму во нашето соседство.

Иако управата на клубот Динамо Загреб изутринава излезе со информација дека ќе го стори токму тоа, а воедно им се заблагодарува на вработените, стручниот стожер и оние кои се дел од Динамо Б дека ги прифаќаат тие услови, сепак, они од кои најмногу зависи, фудбалерите од првиот тим и стручниот штаб, не се согласуваат со ова.

Според последните информации на хрватските медиуми, тренерот Ненад Бјелица и играчите не сакале да го потшишат документот во кој стои дека сите треба да се согласат на плата од 7500 куни и да се откажат од останатите примања до 30 јуни.

Бјелица кој според некои информации има договор вреден 1.5 милиони евра годишно нема намера очигледно да се откаже, ниту пак да речеме Марио Гаврановиќ кој има примања од 800.000 евра, а додека нашиот интернационалец Аријан Адеми има плата од 200.000 евра помалку.