По пауза од 20 и повеќе години, се чини дека во Форум Арената во Лос Анџелес, одново ќе се игра кошарка, и тоа врвна кошарка. Деновиве Стив Балмер, газдата на Лос Анџелес Клиперс, вториот НБА тим од овој град, за сума од 400 милиони долари во кеш го купи легендарниот Форум. Сала или Арана каде до 1999 година, Лејкерси и Клиперси ги играа своите натпревари, за да потоа се преселат во Стејплс Центарот. Иако ова се случува во доба на коронавирусот, кој жестоко ги погоди и САД, наиде на одобрување на фановите на Клиперси, кои сакаат да играат во своја сала, а не да го делат Стејпелс Центарот со Лејкерси.

Интересно е тоа што Балмер го купил Форум од Џејмс Долан, кој во моментов е газда на Њујорк Никси. Долан во 2012 година го купи Форум за 23,5 милиони долари, вложил плус 70 милиони во реконструкција, а сега го продал за 400 милиони. 

Нема што, маестрална зделка.