Сопственикот на Сампдорија, Масимо Фереро истакна дека за него сезоната во Серија „А“ е завршена, околу прашањата на сите тимови за мислење за сезоната во Италија која е стопирана поради коронавирусот.

„За мене сезоната е веќе завршена. Беневенто има 69 бодови во Серија Б, што тие велат? Не може да стојат и да гледаат.“, рече Фереро, загрижен околу тоа што двете први екипи треба идната сезона да влезат во Серија А и таа да брои 22 тима.

„Скудето!? Сезоната треба да заврши вака, со сегашните позиции“, рече Фереро.