Откако Бразил во вторникот покажа рекорден број на смртни случаи во еден ден од корона вирусот, бразилскиот фудбалски репрезентативец Дани Алвес не можеше да молчи и да ги слуша смешните изјави на претседателот Жаир Болсонаро.

Болсонаро смета дека не треба да се прави „паника поради вирусот и дека тоа е грип“ и побара од Бразилците да се вратат на нормалните животи. А статистиката вели дека случаите скокнаа од 1891 до 2201 до вторникот вечерта со 12 смртни случаи во еден ден со што вкупно се 46.

Вирусот стигна и кај нас, ние се бориме со него и наскоро ќе помине. Нашите животи мора да продолжат, работните места да се сочуваат, да се зачува егзистенцијата на семејствата. Ние мораме да се вратиме на нормалниот живот“, рече Болсонаро.

Овие зборови го налутија Дани Алвес кој моментално е член на клубот Сао Пауло, а оваа држава има најмногу инфицирани (810) и мртви (40).

Те почитувам г-дине Претседателе, но многу фамилии и луѓе се борат против оваа пандемија и вие како најважна личност во државата треба да се вклучите во борбата и да процените што е добро за нашиот народ и држава.  Ова е тешко време за сите во светот и не смееме да ја игнорираме ситуацијата, посебно што немаме лек за овој вирус. Како граѓанин на Бразил заклучив дека треба да го кажам своето мислење, затоа што не сакам да живеам без да можам да споделам моменти со или со луѓето кои живеат во страв од нив. Бог да го благослови Бразил и светот!“, напиша поранешниот фудбалер на Барселона, ПСЖ и Јувентус.

 

View this post on Instagram

 

Senhor presidente, respeito muito a sua presidência, respeito muito a vossa senhoria, masssss, são muitas famílias e muitas pessoas trabalhando em pro do combate a essa pandemia e o senhor como a pessoas mais importante desse país, deveria também presar pelo o bem do nosso país e do nosso povo. É um momento muito difícil para o mundo e para nossa população, não devemos desfazer dessa situação, sobre tudo se não temos cura para ela. Como um humilde cidadão eu venho expressar a minha opinião, pois não quero viver sem poder compartilhar momentos com as pessoas nem viver com medo delas. !!QUE DEUS ABENÇOE O BRASIL E O MUNDO!! #FiquemEmcasaPeloAmorAoProximo #QueDeusNosProteja #Amem🙏🏾

A post shared by Dani Alves (@danialves) on