Неверојатно. Ернест Ѓока, тренерот на Шкендија, верува дека, ако продолжи првеенството, неговиот тим ќе може да дојде до титулата. Иако на 13 кола до крајот, Шкендија има -11 бодови во однос на лидерот Вардар, еден помалку од вториот Силекс, изгледа дека Ѓока како сам себе да си се храбри.

Тој за емсијата „Фан Зона“ на Суперспорт, инаку ТВ од Албанија, го истакна следното. 

„Ние ќе продолжиме да се бориме, уште веруваме дека можеме до насловот, математиката тоа ни го дозволува. Шкендија е по полуфиналето во Купот, значи имаме шанса да освоиме два трофеи“ посочи Ѓока.

Во продолжение од изјавата, албанскиот стратег реално и искрено запраша дали има шанси, со оглед на целата ситуација со коронавирусот, првенството да продолжи. И ако се случи тоа, тогаш играчите ќе имаат големи проблеми да ја достигнат потребната форма.