ЕХФ денеска објави алтернативни датуми за одржување на големите ракометни настани. Така наместо на 30 и 31 мај, Ф4 во Келн би се играло дури во осмиот месец од годинава, односно на 22 и 23 август.

Женскиот фајнл-фор во Будимпешта би се играл дури во семптеври, и тоа 5-6. Финалните натпревари од ЕХФ Купот би се играл во Берлин во 29 и 30 август.

Ракометната федерација е во план првите 1/16 финални натпревари од ЛШ да се играат во првата недела од јуни, односно дури тогаш да продолжи сезоната во Европа. Тоа значи дека мечевите би се играле јуни, јули и финалињата во август.

Се разбира, и овие датуми може да бидат сменети доколку се случи да продолжи епидемијата со коронавирусот.

Сите датуми околу продолжување на сезоната во европските натпревари, можете да ги видите на следниот ЛИНК.