Кризата која го тресе фудбалот во светот, а посебно во Италија, е причина која клубовите во Серија А, мора да се реорганизираат. Големата криза, најмногу се чини дека ќе го погоди Јувентус. Како што пишуваат медиумите во Италија, овој Јувентус, моќен, гигант, со Роналдо во своите редови, веќе нема да постои. Имено семејството Ањели направило план за реорганизација на Јуве, и во него се вели дека од постоечкиот играчки кадар само единаесет играчи ќе останат за следната сезона. Тоа се Буфон, Кјелини, Бонучи, Де Лихт, Демирал, Квадрадо, Кулушевски кој зимава беше купен, Дибала, Ремзи, Алекс Сандро и Шчесни, Сите други фудбалери, како Роналдо, Пјаниќ, Даглас Коста, Игуаин и останатите, ќе бидат продадени или пуштени без отштета, само да се намалат трошоците. Е сега дали тоа ќе биде доволно за да се покријат останатите долгови, останува да се  види. Се чини дека купувањето на Кристијано Роналдо и правењето тим од 30 играчи со екстра квалитет, и тоа како ќе му се удри од глава на Јуве.