Коронавирусот ќе остави трајни последици врз спортот, а нема да останат „имуни“ ниту големите клубови. Така откако во Барселона не се согласија на кратењето на платите, каталонскиот тим ќе мора да се одлучи на продажба или ослободување на неколкумина играчи.

Каталонски спорт веќе ги истакна играчите кои летово ќе го напуштат „Камп Ноу“. Тие се голманот Нето, потоа Алења, Кутињо, Видал, Умтити, Ракитиќ, Гризман и Братвајт. Дел од нив ќе бидат продадени, а дел ќе бидат пуштени како слободни агенти. Барса очекува да заработи од Кутињо, Гризман и Умтити за да се справи со кризата која ќе ја предизвика коронавирусот.

Но, прашање е колку и другите клубови ќе имаат моќ за вакви големи трансфери.