Иако во минатите години заработи милиони и милиони, иако за овој дел од Европа, важи за гигант, сепак кризата предизвикана од коронавирусот силно удри и во Динамо Загреб.

Тоа значи, барем така им е кажано на нашиот Аријан Адеми како капитен, и на останатите членови на целиот клуб, дека во време на кризата, тие ќе земаат само третина од платата. Втората третина Адеми и останатите ќе ја земат одложено во рок од шест месеци по надминување на кризата, а другата третина воошто нема да ја земат. 

Инаку овие кризни мерки нема да ги засегнат оние членови од клубот кои земаат плата до 1.000 евра. Веројатно тука спаѓаат оние кои се како придружни служби на првиот тим. Тие ќе земаат целата своја плата.