Фантастичниот играч за врска Клод Макалеле во Реал Мадрид играше три години. Летото 2003 година отиде во Челзи и стана фудбалер кој одбележа една ера на лондонските „сини“. Францускиот играч за врска беше толку брилијантен што позицијата последен играч за врска ја нарекоа по него.

Макалеле во една телевизиска емисија зборуваше како дошло тој да го напушти Реал Мадрид.

Сакав да потпишам нов договор. Но кога мојот агент го праша претседателот Флорентино Перез околу тоа, му беше кажано дека после купувањето на Бекам во клубот не останаа пари. Зборував со тренерот Дел Боске и му реков дека претседателот ми вети разни работи, но тој си игра игри со мене и не знам зошто. Не му барав јас ништо, тој ми вети. Дел Боске ми реше дека ќе провери. Тој отиде кај претседателот и му рекол: ’Исправете ја ситуацијата со овој играч затоа што тој ни е многу потребен. Кога тој не игра, сите ваши „галактикоси“ имаат проблем’. Претседателот не му веруваше и инсистираше дека може да ме замени како секој друг црн играч. Но Дел Боске се држеше до својата приказна. ’Работите ќе станат тешки за тимот. Овој играч зависи од него, овој играч исто така зависи од него… Тој е влијателен и во соблекувалната. Тој е лидер’. Но Перез не му веруваше“, објаснува Макалеле.

Макалеле ја раскажува и средбата со тогашниот спортски директор Хорхе Валдано.

Валдано настапи премногу агресивно. ’Кој си бе ти. Што си замислуваш. Треба да играш бесплатно во Реал Мадрид, а не да креваш врева…’. Само го гледав. Мислев дека сум некој африкански играч кого може да го заплаши. Му рекод дека за договорот зборував со претседателот, а не со него. Но ми се чини дека имаш порака од него за мене. Директно кажи ми ја пораката и да завршиме“, прераскажува Французинот.

Валдано ми рече: ’ако сакаш да си одиш, најди си клуб кој ќе плати 15.000.000 евра за тебе’. Пет тимови испратија понуда до Реал Мадрид“, вели Макалеле кој ја одбрал понудата на Челзи.