Хрватскиот интернационалец, Марио Манџукиќ многу веројатно повторно ќе се врати на голема сцена во европскиот фудбал следната сезона.

Иако штотуку замина во Катар и потпиша милионски договор за тимот на Ал Духаил, сепак медиумите пред се во Турција шпекулираат дека тој ќе биде новиот главен напаѓач на тимот на Бешикташ.

Хрватот во Катар не блеска на почетокот, постигна само еден гол на шест мечеви.

Може многу бргу Манџукиќ да се договори за одредена цифра и да го напушти клубот иако има важечки договор.

Од друта страна пак јасно е дека во Турција, нема да го има истиот финансиски бенефит како во Катар особено по сето ова што се случува со коронавирусот, но реално фудбалски повторно ќе биде на највисоко ниво.