Вчера и официјално заврши 15-дневниот карантин во таборот на Интер. Откако не покажаа симптоми на коронавирус и тестовите беа негативни, фудбалерите во голем број со дозвола на клубот ги напуштија Апенините.

Лукаку во претходните денови зборуваше дека му недостига неговата мајка, па веднаш заминал за Белгија, кон Англија се упатија Мосес, Јанг и Ериксен. Годин заминал во родниот Уругвај, сите останати странци се упатиле кон своите земји.

По дуелот меѓу Јувентус – Интер на осми март, фудбалерите беа во двонеделен карантин.