Кошаркарот на Минесота, Карл-Ентони Таунс минува тешки денови, неговата мајка Жаклин Круз е во кома, причината е коронавирус.

„Најважно е сите да ја сфатат најсериозно ситуацијата во коронаворус. Мислам дека можам да помогнам и затоа одлучив да ви објаснам што се случува.

На моите родители не им е добро. Веднаш побарав помош и ми рекоа да одам до најблиската болница. Побараа да бидат тестирани на коронаворус, имаа треска и температура, едвај дишеа. Ситуацијата со белите дробови стана полоша, ми објаснија дека мора да ја стават на апарати за дишење. Мојата мајка е во кома, постојано ми даваат информации за нејзината состојба, тешко е, но сите сме позитивни“, објасни Таунс.

Кошаркарот на Минесота направи тест за коронавирус, истиот е негативен.