Фудбалските фанови не се само хулигани, како што одредено лоби околу фудбалот сака тоа да го прикаже, тие во ова лошо време го докажаа спротивното.

Оние најпогодените, навивачите на Аталанта веднаш по избивањето на пандемијата во нивниот град собраа 50.000 евра како помош, а сега не само што активно помагаат во делењето на храна и лекови ширум градот, туку учевствуваат и во изградбата на монтажна болница специјално направена за потребите на оние кои се погодени од коронавирусот.

Навистина секоја чест.