Како што утринава пишуваат медиумите во Италија, се чини дека во Нион, во седиштето на УЕФА има нов план околу тоа кога ќе продолжи да се игра фудбал во Европа, односно кога ќе продолжат првенствата во најголемите лиги на Стариот континент. 

Со оглед дека клубовите се во колапс, дека многу пари се загубени, мора да се игра со публика, за да се избегне катаклизма. Па така УЕФА се сложила датумот да биде 1 јуни, а се да биде готово до 10-15 јули. Ќе се игра постојано среда – недела. Уште не се знае што со ЛШ и ЛЕ, но клубовите не сакаат да играат по еден меч во 1/4 или 1/2. Сметаат дека има дволно време до 15 јули, па и порано тие да завршат. 

Сепак се зависи од тоа како ќе се одвива ситуација со Ковид-19.