Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е цел на најтрофејниот мексикански клуб Клуб Америка. Според извори од Мексико (futboltotal.com.mx) „орлите“ сакаат квалитетен напаѓач за Клаусура 2019, а тренерот на оваа екипа Мигуел Ерера му препорачал на раководството ако не може да го купи, барем да го донесе на позајмица за следната сезона. Несторовски ретко игра во Удинезе, а претходно интерес појавија и неколку италијански екипи како Бреша, СПАЛ и Беневенто.