УЕФА пред повеќе од месец дена го исфрли Манчестер Сити од своите натпреварувања во следните две сезони. „Граѓаните“ веднаш испратија жалба до Спортскиот суд за арбитража (ЦАС).

Пандемијата коронавирус „закочи“ буквално се, како и одлуката дали Пеп Гвардиола и неговите момци следната сезона ќе настапуваат во елитните натпреварувања.

Според „Daily Mail“ десет водечки клубови од Премиер-лигата побарале да му се забрани на Сити, следната сезона да биде дел од ЛШ.

Ливерпул, Јунајтед, Арсенал и Челзи се дел од тимовите кои испратиле заедничка жалба, во Топ 10 се Лестер, Вулверхемптон, Тотенхем и Барнли.

„Доста е. Сити долго време не ги почитуваше правилата на шетата на најмалку еден тим, кој не може да се пласира во Лигата на шампиони“, изјави еден извор за „Daily Mail“.

Манчестер Сити е на чекор до пласман во четвртфиналето во ЛШ, на првата средба го победи Реал со 1-2. Поради коронавирус не е познато дали сезоната ќе биде завршена.