Кинеското кошаркарско првенство ќе продолжи во мај, соопштуваат властите на таа земја. Кина беше една од најподогените во коронавирусот, но полека таму животот се враќа во нормала, откако се драстично намален бројот на новозаразени. Сега жариштето се префрли во Европа и во САД кои се борат со епидемијата.

Многумина странци во Кина, ја напуштија земјата со почетокот на епидемијата на коронавирусот. Сега се очекува да се вратат, ќе имаат цел месец за да се тренираат и да се подготват за продолжување на сезоната. Првобитно беше планирано кошаркарите да се вратат во мај, но поради дополнителна заштита, одлучено е да почне да се игра во мај.