Секој прволигашки клуб во ПМФЛ ќе добие помош од 57.000 евра, со цел што полесно да се справи со моменталната криза, која дојде како последица на коронавирусот. Овие пари доаѓаат од УЕФА а ФФМ ќе ги распредели во што побрз можен рок. Инаку парите се од солидарниот фонд на УЕФА, кој место на крајот од годината, ќе биде исплатен сега со оглед на  ситуацијата во светот на фудбалот.

Услов за да се добијат овие пари, е доставување целосна документација за тоа каде и за што се потрошени парите од претходниот солидарен фонд на УЕФА.

Во текот на деновите што претстојат, од денеска од 10 часот, челниците на ФФМ ќе имаат состаноци со претставниците на клубовите. Со оглед на вонредните мерки кои се на сила во моментов во Македонија, состаноците ќе одвиваат по строго определени правила, и на нив нема да учествуваат повеќе од четири лица и тоа од 10 до 12 часот.

Секако дека овие пари на нашите клубови ќе им дојдат како „кец на десетка“ што се вели, посебно ако се знае дека пред неколку денови прволигашките клубови, преку своето здружение  побараа помош од државата.