Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос се вклучи во борбата со корона вирусот како што тоа го направија многу светски познати спортисти. Шпанскиот репрезентативец објави дека донирал медицинска опрема во борба со корона вирус КОВИД-19.

Помошна е 264.570 заштитни маски, 15.000 тестови за корона вирус и 1000 парчиња на средства за дезинфекција. Тој ги донирал за својата Шпанија преку УНИЦЕФ, а материјалите ќе пристигнат во петок на 27 март.