На денешниот состанок на Бордот на Евролигата одлучено е сезоната да се доигра кога ќе се постигнат услови за тоа па дури и сезоната да почне во мај. Сега кога Олимписките игри ќе бидат одложени (се чека официјална потврда од ИОК) полесно може да се скрои планот.

Приоритет е да се доиграат Евролигата и Еврокупот кога ќе се создадат услови за тоа, па дури и да се продолжи во мај или јуни. Дополнително ќе се одлучи дали ќе се промени форматот или тој ќе остане ист.

„Натпреварите ќе продолжат кога ќе се создадат услови, како здравствени така и сигурносни за сите учесници. Приоритет е оваа 2019/20 сезона да се заврши во актуелниот формат, што значи да се одигра регуларниот дел од крај, а потоа плеј-оф и Фајнал-фор. Истото се однесува и за Еврокупот“, соопштија од Евролигата.