Срамно, жалосно. Потег со кој големиот број фудбалски фанови во светот се разочарани од потегот на ПСЖ.

Иако станува збор за еден од најбогатите клубови во светот, шеиците, кои се и газди на клубот, донирале само смешни 100.000 евра во битката против коронавирусот. Ова наиде на голем број критики по социјалните мрежи, и во Франција и во светот. Просто невројатно е како катарците, кои се и сопственици на клубот, а располагаат со милијарди евра, донирале таква смешна сума. Сума која веројатно дневно ја трошат за ситни работи.

Затоа некои се големи, а некои и со милијарди во своите џебови, никогаш нема да бидат големи. Шеиците од Катар веројатно знаат дека за само еден ден, Пеп Гвардиола, Меси и Роналдо, донираа сума од 3 милиони евра во битката против „Ковид-19“.