Легендарниот фудбалер на Барселона Христо Стоичков во интервју за шпанското „Мундо Депортиво“ раскажа за животот во Мајами во ерата на коронавирусот и неговиот рецепт против опасниот вирус.

Се грижам за себе. Јадам многу кромид и кромид и пијам топла вода. Исто така се туширам често за да се заштитам себе си од овој вирус“, изјави некогашниот освојувач на Златната топка.

Тука сум со мојата фамилија и 80 годишната баба и внимаваме бидејќи овој вирус е опасен за неа. Една недела ги немам видено внуците иако тие живеат во близина затоа што вирусот може лесно да се пренесе и не сакам да ризикуваме. Тука во Мајами, мерките се драстични, прво ги затворија училиштата, потоа плажите. Кина го реши проблемот за два месеци, тоа е силна држава и сите луѓе беа мобилизирани во таа борба“, додаде поранешниот бугарски голгетер.