Иако во моментов во фудбалскиот свет се е застанато, сепак, тоа не значи дека екипите не смеат да планираат за следната сезона.

Во таборот на Манчестер Јунајтед се подготвува промена на гостинската гарнитура на дресови.

Нормално како што е тоа и обичај, во јавноста „протече“ фотографија од дизајнот на новиот гостински дрес на тимот од Олд Трафорд.

НА социјалните мрежи истиот покрена најразлични коментари но претежно беа негативни пред се поради фактот што е искористен „зебра“ мотивот. Истиот нема ама апсолутна врска со оригиналните бои на дресот на Јунајтед.