Тренерот на Евертон, Карлос Анџелоти со самото доаѓање во овој клуб направи вистинска еуфорија. Клубот од Ливерпул не очекуваше да биде преВземен од така големо фудбалско име, па сега навиачите се воодушевени.

Па така, слободното време кое сега Анџелоти го има на претек го искористи да исконтактира неколку од навивачите, на големо нивно задоволство.

„Здраво Марк, како си, тука е Карло“, го започна разговорот со навивачот големиот стратег.

„Дали би имал некоја идеја како да го пополнам времето, освен со Нетфликс, дали можеш да ми предложиш уште некое шоу„ – додаде Анџелоти а дел од овој разговор беше објавен на твитер профилот на искусниот стратег.