Во моментов Бундеслигата, како и сите првенства се блокирани поради епидемијата од корона вирусот. Следуваат предлози од сите познати лица, клубови, како да се продолжи.

Ајнтрахт Франкфурт го даде својот план, кој што е „луд“ и речиси невозможен.

„Го поднесовме нашиот план за продолжување на Бундеслигата. Со оглед дека доколку се играат натпревари на секој три дена, ќе биде потребно месец и пол да се доиграат, предлагаме да се играат натпревари секој ден од понеделник до недела“, вели спортскиот директор на екипата, Фреди Бобиќ.

Тој истакна дека сите тимови ги чекаат големи загуби поради овој случај, и дека среќа по неговиот тим што ова не се случило пред четири години, во спротивно сега тимот можеби не би постоел.