Вечерва Горан Пандев требаше да го игра плеј-оф мечот против Косово за едно од последните четири места кои водат на ЕП 2020. Но, поради пандемијата со коронавирусот, мечот како и сите други средби е одложен за следната година.

Италијанска „Газета дело Спорт“, вели дека македонскиот напаѓач токму поради ова нема да ја заврши кариерата на 36 години, туку тој сигурно ќе го обнови договорот со Џенова. Реалциите во клубот му се одлични, односот со навивачите исто така, па двете страни со задоволство ќе ја продолжат соработката за уште една сезона.

Засега нема детални информации, затоа што во Италија сега вниманието е насочено кон битката со коронавирусот.