Германската легенда Ули Хенес, тврди дека после оваа пандемија на корона вирусот, фудбалот повеќе нема никогаш да биде ист, односно смета дека скапите трансфери ќе станат веќе историја.

„Не можам да тврдам, но мислам дека после ова треба да се заборави на трансферите од 100 и над 100 милиони. Цените на трансферите ќе паднат, и нема да се вратат на ова ниво барем во следните две или три години, затоа што сите држави се погодени“, изјави Хенес.

Тој смета дека сите кои прогнозираат дека наскоро може да се игра фудбал, се несеризни.

„Несериозни се прогнозите дека наскоро ќе може да се игра фудбал. Не знам, можеби ќе треба да се игра до крајот на годината, а потоа ќе видиме“, рече Хенес.