Некогашниот претседател на фудбалскиот клуб Јувентус Џовани Коболи Џиљи излезе со доста контроверзна и директна изјава кон скапо платената звезда на неговиот екс тим, Кристијано Роналдо.

Португалецот  не е дел од колективниот карантин на Јувентус, туку тој замина за родната Португалија, однодно островот Мадеира каде што неговата мајка се опоравува од мозолниот удар. Сепак, фотографиран е покрај базен, и тоа според Џиљи е недозволиво.

„Ситуацијата во Јувентус се искомплицира кога Роналдо замина за Португалија. Рече дека заминува поради неговата мајка, а сега ете гледаме дека ужива покрај базен. Кога за него беше направен исклучок, нештата се распаднаа затоа што и останатите играчи посакаа да си заминат. Тоа не смееше да биде вака. Мораше да бидат сите во карантин„ – изјави Џиљи, алудирајки на заминувањата за Јужна Америка на Игуаин и Даглас Коста, а во Италија не се наоѓа ниту Мирален Пјаниќ

„Сега е лесно да се критикуваат играчите, кои навистина не знам зошто заминаа од Италија. Кога ќе се вратат ќе мора да седат во карантин, нема д абидат дел од тимот“ – додаде Џиљи.