Илија Најдоски денеска полни 56. години. Еден од нашите најдобри фудбалери на сите времиња е жива легенда на македонскиот и екс-југословенскиот фудбал, а посебно место има во срцата на навивачите на Вардар и на Црвена Звезда.

Титулите освоени со српскиот тим се нешто со што ретко кој фудбалер може да се пофали, Најдоски секогаш ќе има почесно место во големото црвено-црно семејство. Црвена Звезда не го заборави роденденот на својот некогашен капитен, кој со лентата на својата лева рака го подигна трофејот за освоената светката клупска титула во Токио, против екипата на Коло Коло и на својата официјална „Фејсбук“ страница испрати порака до него.