Нови моменти во НК Динамо. Како што известуваат медиумите во Хрватска, вечерва раководството на Динамо му врачило отказ на стручниот штаб на клубот, на сите помошници на шефот Ненад Бјелица. Интересно е тоа што овој отказ не важи за него, за самиот Бјелица. Очигледно е дека од од него се бара тој самиот да си даде оставка.

Ова доаѓа откако самиот тој, но и играчите одбија скратување на платите, мерка која челниците на Динамо ја објавија во текот на вчерашниот ден. Навистина е интересно во хрватсиот гигант. До пред два дена се беше идилично во таборот на „модрите“, но очигледно е дека не било баш така.