Организаторите на атлетската Дијамантска лига одложија уште три митинга од ланецот поради ширење на пандемијата на коронавирусот. Натпреварите во Стокхолм, Неапол и Рабат, кои беа закажани за мај, нема да се одржат во рамките на прелиминарната програма.

Така, вкупно пет митинзи од календарот на Дијамантската лига се одложени, бидејќи турнирите закажани за април во Доха и Кина, исто така, беа одложени на почетокот на овој месец.