Со оглед на тоа дека е во карантин, каде што го минува времето на коронавирусот кој во Шпанија прави големи проблеми, Луис Енрике, селекторот на „фуријата“ денеска преку видео, одговараше на прашања  на навивачите. 

На прашањето дали би се вратил во Барселона како тренер, тој одговори.

„Сум работел во многу клубови, но никаде не сум ја затворил вратата засекогаш. Таков случај е и со Барселона. Па затоа велам дека еден ден би можел да се вратам во Барса. Таму минав преубав период од мојата кариера и благодарен сум што ми се даде шанса“.

Инаку Енрике во Барса прво беше играч, а потоа и тренер, а за тоа кој фудбалер најмногу го импресионирал, тој додаде.

„И додека бев играч, и додека бев тренер, Меси и само Меси. Тука е и Иниеста на второ место, но голема е разликата меѓу Меси и Иниеста во корист на Аргентинецот“.