Нолберто Солано е еден од оние кои и натаму не ја сфаќаат сериозноста на пандемијата коронавирус. Еден од најдобрите фудбалери од Перу е упасен поради кршење на самоизолација.

Солано наместо да го почитува законот, тој ја напуштил самоизолацијата и заминал на забава, по што завршил во затвор.

„Каква забава забава? За што зборувате господине? Јас живеам на 200 метри од тука. Многу грешите, покажувате непочитување“, било објаснувањето на Солано.

На прашањето дали знае што се случува во светот, тој одговорил:

„Секако дека знам, коронавирусот е сериозна работа и ние ги превземаме сите мерки за да се заштитиме, но на нашите деца им беше досадно отидовме до кај соседите кои се на 200 метри од нашата куќа“.