Емил Рајковиќ остана во Казахстан. Преку конференциска врска беше одлучено да се стави крај на сезоната на лигата.

Во моменталната ситуација, кога границите се затворени, тимовите не се во можност да вежбаат во кошаркарските области, а клубовите се принудени да ги пуштат странските кошаркари да си одат дома, шампионатот на ВТБ не е соодветен за реализација.

Најдобриот македонски тренер за изминатата година ја пренесува атмосферата.

„Дома сме, сега нема враќање во Скопје. Можеби во април, во мај, не знам, Повеќе од десет дена сме во самоизолација, а тоа полека делува неподносливо. Тука сум со моето семејство. Во иста ситуација е и Сашо Тодоровски, мојот асистент во Астана, кој е со сопругата. Во Нур Султан засега останува и мојот друг соработник, Марко Величковиќ. Нешто порано, поради принова во семејството, си замина Борче Даскаловски. Значи скоро сме во комплетен состав.

Имаме услови за нормално функционирање. Но кој ни гарантира дека и овде нема да се прошири епидемијата? Некаде прочитав дека во Казахстан има околу 100 луѓе заболени од вирусот. А денеска информации дека еден од нив починал. Почнаа рестрикциите, т.е. забраните. Се затвораат оние големи објекти, остануваат да работат супермаркетите и аптеките, иако јас и Саше Тодоровски користиме половина час, што се вели, да се ‘размрдаме’. Ете, тоа се моите дневни активности во овој момент. Како понатаму, само Господ знае. Да се надеваме дека сето ова ќе помине брзо, и дека во скоро време ќе им се вратиме на своите обврски, и во некоја нормала“, изјави Рајковиќ за официјалниот сајт на КФСМ.