Македонскиот кошаркарски селектор Александар Тодоров е во четиринаеседневен карантин.

Откако кормиларот на нашите кошаркари со автомобил се врати од романска Крајова каде што е тренер, автоматски е пренесен во карантин во хотелот Ибис во Скопје, кој во моментов е пренаменет во еден од прифатните центри за наши граѓани кои се враќаат од странство.

Селекторот за бугарските медиуми ја опишува неговата моментална ситуација.

Во Бугарија Тодоров е кошаркарска икона што се вели, долго време работеше таму како тренер

„Се чувствувам добро, не ми фали ништо, се ми е достапно што се вели. Свесен сум дека во вакви ситуации мора да се почитуваат правилата и тоа е тоа. Три пати на ден ми носат храна во собата. Бев спроведен од граница со полициска придружба. Нормално дека ми недостасува семејството, мајка ми е исплашена најмногу што е и нормално, цело време ми се јавува сака да ми донесе храна, што јас категорично и забранив. Тука мора да сум четиринаесет дена колку што е предвидено“, изјави нашиот селектор за бугарскиот портал, БГбаскет.