Ракометот, како и целиот спорт во светот е „замрзнат“. Играчите останаа дома, и засега најмногу ги почитуваат препораките, сонуваат за денот кога сите слободно ќе шетаме, а салите одново ќе бидат полни.

СЕХА-лига на својата официјална страница секојдневно објавува фотографии со пораки од тимовите учесници на ова натпреварување. Еурофарм Пелистер не успеа да стигне до четвртфиналето, но момците на овој тим се подготвуваат за продолжението на првенството, од дома според посебна програма работат на одржување на својата форма.

Еден од нив е Николче Митревски. Македонскиот репрезентативец секојдневно вежба и чека подобри денови.