Олимписките игри 2020 се поместени за наредната година, но допинг скандалите поврзани за ова натпреварување на престануваат. Четири атлетичари од Русија, од кои двајца се освојувачи на златни олимписки медали се обвинети за допинг, објави Одборот за атлетски интегритет.

Како што пренесува АП, освојувачот на златото на ОИ во Пекинг 2008 во скок со стап Андреј Силнов и златната од ОИ во Лондон 2012 во трката на 400 метри со препреки Наталија Антјук  се обвинети за користење на недозволени средства.

Освен нив обвинети се уште Јелена Соболева, освојувачка на сребрен медал на 1.500 метри на СП 2006, а и некогашната фрлачка на кладиво Оксана Кондратјева.