Она што се случува во Динамо, во време на Ковид-19, е централна тема во Хрватска. Се разбира по коронавирусот и земјотресот во Загреб. Досега е познато дека раководството на Динамо им ги скрати платите на своите играчи за една третина, тие не се сложија со тоа. Потоа беше избркан целиот стручен штаб на тренерот Ненад Бјелица, од кого се чека оставка за да клубот не ми исплати 1,5 милион евра.

Следуваше медиумска хајка кон капитенот Аријан Адеми и играчите од одредени медиуми, за да овие вратат со прекрасна хуманитарна акција за граѓаните на Загреб. Со оглед на тоа дека капитенот е македонски репрезентативец, јасен е нашиот интерес за случувањата во Динамо.

Инаку „Спортске новости“ синоќа излезе со свој коментар дека можеби Адеми е тој што ги растурил „шемите“ на браќата Здравко и Зоран Мамиќ, за лесно менување на тренерот Ненад Бјелица. Во коментарот се наведува дека тие биле шокирани кога капитенот, при објавување на веста за кратење на платите, застанал на страната на играчите и тренерот, односно се солидаризирал со соблекувалната, а не со челниците на клубот.

Здравко и Зоран сметале дека Адеми е „нивни“ и дека тој ќе ја заврши работата со убедување на соиграчите, но и за тоа дека Бјелица по „караницата“ со спортскиот директор Зоран Мамиќ треба да си оди. Тоа „нивни“ е поради помошта што Динамо му ја дал за време на допинг скандалот.

Интересно што за разлика од други медиуми,  „Спортске Новости“ го оправдува Адеми, вели дека се понел како вистински капитен, и дека тој во многу наврати покажа колку бескрајно го сака Динамо.