Еден од познатите фудбалски имиња кој е позитивен на коронавирус е Паоло Дибала. Фудбалерот на Јувентус откако ги доби резултатите преку социјалните мрежи постојано ги известуваше фановите за неговата состојба потенцирајќи дека се чувствува добро.

Но во најновата објава тој детално ги опиша симптомите кои ги имал.

„Имав силни симптоми, но денеска се чувствувам многу подобро. Сега полесно одам и се обидувам да тренирам. Едвај дишев, не можев да направам ништо пет минути. Чувствував болка во мускулите, на голема среќа заедно со Ориана сме подобри“, вели Дибала.

Дибала заедно со неговата девојка се позитивни на „Ковид-19“, но сега успешно се опоравуваат во домашна изолација.