Еден од најдобрите турски голмани на сите времиња Рушту Речбер, е хоспитализиран во една болница, поради тоа што е позитивен на коронавирус.

Тоа го откри неговата сопруга која што побара разбирање.

„Мојот сопруг е хоспитализиран затоа што е позитивен на Ковид-19. Се беше нормално додека одеднаш не пројави симптоми. Сите сме во шок. Ова се тешки моменти. Ги молам сите луѓе на разбирање и да внимаваат“, напиша сопругата која истакна дека таа и децата, за среќа, не се позитивни на вирусот.

„Не можеме да го видиме, и тоа е најтешкиот момент“, напиша Исил Речбер.