Затоа е „специјален“, затоа е посебен, затоа е Жозе Мурињо. Во време на коронавирусот, кога фудбалот е „мртов“, стратегот на Тотенхем означи старт на подготовките. Тој им наредил на своите играчи во понеделник да почнат со тренинзи, притоа да не заборават да ги вклучат своите мобилни телефони.

Погодувате. Неговите играчи во исто време ќе тренираат од дома, а сето тоа мора да го докажат преку видеолинк. Мурињо ова го прави со цел играчите одново да почувстуваат дека се тим, да почнат да работат на добивање на кондицијата со оглед на тоа дека строго забрането им е да излегуваат надвор од своите домови а посебно не да посетуваат јавни теретани.