Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и екс-англиски репрезентативец Гери Невил после играчката кариера стана фудбалски аналитичар. Често ги критикуваше тренерите во Англија, но и во странство, а да потсетиме дека тој во 2015 година се проба како тренер и сфати колку е тешко. Тој на кормилото на Валенсија издржа 28 натпревари и доби отказ па од тогаш не седнал на клупата на друга екипа.

Кога дојдов во клубот видов дека некои играчи не беа среќни. Разговарав со Алекс Фергусон и тој ме посоветува веднаш да ги тргнам тие играчи за да се заштитам. Ми рече дека во соблекувалната мора да имам само среќни фудбалери и такви кои делат исто мислење како и мене. За жал не го послушав. Пробав да зборувам со тие играчи и да ги убедам да го сменат мислењето, но не успеав“, вели Невил кој оствари само десет победи со „лилјаците“.

Од авантурата во Ла Лига впечаток му оставиле двајца тренери. Ернесто Валверде тогаш го предводеше Атлетик. На мечот против нас три пати ја менуваше формацијата и се чувствував како да си игра со мене. Секогаш беше чекор понапред и тогаш сфатив колку сум неискусен. Добро го запамтив и Диего Симеоне. Кога игравме против Атлетико тој уживаше да ме дави цели 90 минути. Ме мачеше цел меч… На крајот отидов да се поздравам со него, а тој само помина покрај мене. И претходно имав впечаток дека е ужасен човек, а тогаш само ми потврди“, изјави Невил.