Ќе мора фудбалскиот свет да претрпи големи промени во своето функционирање со оглед на сето она што се случува во моментов. Пред се од економски аспект, клубовите губат многу пари. Тој проблем ќе се зголемува се додека шампионатите мируваат, доколку истите не продолжат тоа ќе биде еднакво на катастрофа.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи смета дека во иднина многу почесто и полесно ќе се разменуваат играчи.

„Ќе има многу размени, слични на трејдовите во НБА лигата. Оваа ситуација во многу ќе не приближи кон таквото функционирање. Секако има клубови кои од сето ова ќе се извлечат многу полесно, на пример Бундеслигашите, затоа што Германија има многу стабилна економија, но за останатите ќе биде проблем“, изјави Паратичи.

Само како илустрација, во НБА лигата не постојат обештетувања, туку играчите менуваат клубови како слободни агенти што би можело да биде реалност и во фудбалот.