Во сите земји бројката на заразени од коронавирус постојано расте. Болниците веќе го исполнуваат капацитетот, па надлежните органи бараат решение. Во Загреб и во Софија одлучија двете големи Арени да бидат приспособени за прием на заболени од „Ковид-19“, а по овој пример ќе оди и Велс.

Стадионот „Милениум“ ќе стане болница, со оглед на тоа дека кровот се затвора, тој е најидеално решение во исчекување на многу потешките денови во оваа земја. Според тамошните информации ќе бидат поставени 2.000 кревети, властите во Велс не оставаат ништо на случајност.

„Не сакаме да создадеме паника меѓу граѓаните, но мора да бидеме подготвени, сите се надеваме дека овие 2.000 легла нема да бидат употребени“, велат тамошните власти.